Додека Формула 1 го промовира слоганот „Кога ќе возиш, никогаш не пиј алкохол“ за својот пивски спонзор, Кими Раиконен, човекот кој еднаш призна дека пиел 16 дена едноподруго меѓу две трки, вели дека нема проблем да ги „меша“ забавите и тркањето.
„Да, честопати бев мета на шеги, но јас честопати возам подобро кога ми дозволуваат да правам што сакам меѓу трки, отколку да не се забавувам и да не пијам алкохол“, вели Раиконен во интервју со Том Кларксон.
Околу наводните 16 дена помеѓу трките во Бахреин и Шпанија во 2012 кои ги поминал пијан, за што зборуваше во својата автобиографија, новиот возач на Алфа Ромео објасни.
„Има многу докажани теории дека возиш подобро откако ќе се забавуваш. Целото лето беше само тркање и забави. За мене тоа не е ништо ново, туку нормално. Однадвор можеби изгледа чудно, но за мене во минатото тоа беше нормална ситуација. Така си поопуштен и можеш да се концентрираш на работата која те очекува. И на крај, резултатот е подобар“, ја објаснува својата теорија Раиконен.
Раиконен бил пијан 16 дена меѓу две трки и пак завршил на подиумот!