Top Sport

ЕЦА се противат на проширувањето на Светското клупско првенство

Здружението на европските фудбалски клубови (ЕЦА) нема намера да го прифати предлогот на ФИФА и нејзиниот челник Џани Инфантино за проширување на Светското клупско првенство.

Сите најголеми европски клубови испратиле писмо до Инфантино, во кое го искажуваат својот револт од „самоволието“ на првиот човек на ФИФА.

Бидејќи, никој од ФИФА не ги контактирал клубовите, тие решиле сами да им се обратат на челниците на светската куќа на фудбалот. Инфантино има идеја да организира Светско првенство за клубови на секои четири години, на кое би учествувале 24 екипи.

Во писмото од ЕЦА тврдат дека ниту еден претставник на здружението нема да настапи на такво Светско првенство. Образложението е дека календарот е пренатрупан и дека такво првенство не им е потребо на фудбалерите и клубовите.

232 клуба членуваат во ЕЦА, а писмото против Инфантино го потпишале челниците на сите 15 клуба кои се во Управниот одбор: Реал, Јувентус, Ајакс, Легија Варшава, Хелсинки, ПСЖ, Лион, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Бенфика, Андерлехт, Малме, Селтик и ПАОК.

Се претпоставува дека евентуалната „војна“ на Инфантино со ЕЦА може да го означи и неговиот крај на претседателската функција во ФИФА.

Scroll to Top