Top Sport

Недвед по ждрепката: Не сум тажен, а не сум ни среќен

Ајакс и Јувентус, ќе се сретнат во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Во претходната фазата тие ги елиминираа мадридските клубови, Реал односно Атлетико.

Холандскиот и италијанскиот шампион, последен пат во европските купови се сретнале во 1996 година, во финалето Јувентус на пенали го победи Ајакс.

„Не сум среќен ниту тажен. Ајакс го елиминираше Реал, не се наивен противник. Ми се допадна начинот на кој играа против Реал, ќе мора да бидеме многу внимателни. Очекувам одлични натпревари“, рекол директорот на Јувентус, Павел Недвед.

Од таборот на Ајакс, по ждрепката се огласија со куса порака на „Твитер“.

„Им се радуваме на натпреварите против Јувентус“…

Победникот од овој дво-меч во полу-финалето ќе игра против Тотенхем или Манчестер сити.

Scroll to Top