Леонардо Спинацола, Леонардо Паволети и Фабио Кваљарела се во списокот на италијанскиот селектор Роберто Манчини, но за мечевите со Финска и Лихтенштајн во игра не се Марио Балотели и Андреа Белоти.
Кваљарели минатиот месец беше повикан на тренинг-кампот на „аѕурите“ и сега е првпат во составот од октомври 2015 година, додека последниот настап за Италија го имаше во далечната 2010 година.
Манчини, пак, реши да го повика Паволети пред Балотели и Белоти, откако тој постигна 12 гола за Каљари оваа сезона, а во нападот е и Кевин Лазања, иако тој има само еден гол од декември, како и младите Моисе Кин и Николо Заниоло.
Кам-бек во составот имаат бекот на Јуве, Спинацола, дефанзивецот на Валенсија, Кристијано Пичини и крилото на Рома, Стефан Ел Шарави, додека двојката на Милан Давиде Калабрија и Патрик Кутроне се „резервирани“ за италијанската У-21 репрезентација.
Голмани: Крањо, Донарума, Перин, Сиригу.
Одбрана: Бираги, Бонучи, Кјелини, Флоренци, Ицо, Манчини, Пичини, Ромањоли, Спинацола.
Среден ред: Барела, Кристанте, Жоргињо, Сенси, Верати, Заниоло.
Напад: Бернардески, Киеза, Ел Шарави, Грифо, Имобиле, Кин, Лазања, Паволети, Политано, Кваљарела.