Израелскиот бизнисмен Идан Офер се согласил да откупи 15 отсто од Атлетико Мадрид, тврди израелскиот весник „Калкалист“.
62-годишниот Офер, кој живее во Лондон и има проценето богатство од 2.6 милијарди долари, веќе е на пат за Шпанија и очекува зделката да се договори до крајот на неделата. Тој би сакал да има почетни 15 отсто од клубот, а шпекулациите ги потврдува и закажаната прес-конференција за четврток на „Ванда Метрополитано“ да се објави „институционално соопштение“.
Израелската компанија „Плус 500“ е спонзор на Атлетико од 2015 година, плаќајќи 42.5 милиони евра за четири години да се на нивниот дрес.
Атлетико се третиот најуспешен шпански клуб, со 10 титули од Ла лига и 10 Кралски купови, а во 2014 година го прекинаа деветгодишниот дуопол на Реал Мадрид и Барселона со домашна титула, а во 2014 и 2016 играа во финалето на ЛШ, двапати губејќи од побогатиот сосед Реал. Според магазинот „Форбс“, клубот „тежи“ 732 милиони долари, меѓутоа според податоците од 30 јуни 2016, Атлетико има долг од 483 милиони евра, приход од 218 илјади евра и годишен профит од 24.3 милиони евра.