Top Sport

ФА куп: Греј ги однесе Вотфорд во полу-финалето (Видео)

Вотфорд е првата екипа што избори пласман во полу-финалето во ФА купот. На „Викариџ Роуд“, Вотфорд забележаа победа 2:1 над Кристал Палас.

Првиот гол на натпреварот го постигна Капуе во 27 минута. Францускиот интернационалец добро реагираше пред голот на Гиаута.

Кристал Палас израмнија преку Миши Батшуаи во 62 минута. Белгиецот имаше добра реакција, најпрвин одзеде топка, а потоа го совлада Гомез.

Конечниот резултат во 78 минута го постави Андре Греј. Напаѓачот на Вотофорд на теренот се појави 60 секунди пред да го постигне голот.

Денес ќе се одиграат уште две четврт-финални натпревари: Свонси-Манчестер сити и Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top