Попладнево, во Бундес лигата, се одиграа четири натпревари од 26 коло, по кое е јасно дека Шалке ќе се бори за опстанок, а Лајпциг за место во Лигата на шампионите.
Лајпциг ја продлабочи кризата на Шалке, на чија клупа седеше новиот тренер Хуб Стивенс. По дебаклот во Лигата на шампионите од Манчестер сити (7:0), Шалке претрпе пораз на домашен терен од Лајпциг 0:1. Тимо Вернер го постигна единствениот гол во 14 минута. Со оваа победа Лајпциг се искачи на третото место на табелата.
Штитгарт и Хофенхајм постигнаа по еден гол и освоија по еден бод. Хрватот Андреј Крамариќ погоди за Хофенхајм во 42 минута. За Крамариќ ова беше 46 гол во Бундес лигата и го израмни рекордот на Сеад Салиховиќ. Бод на Штутгарт им донесе Зубер со голот во 66 минута.
Волвсбург ја декласира Фортуна од Диселдорф со 5:2. Хет-трик и две асистенции забележа играчот на натпреварот Ваут Вегхорс.
Победа забележа и Аугзбург против Хановер 3:1, иако гостите први постигнаа гол преку Вејдант. Целосен пресврт Аугзбург направија пресврт преку Кордова, Шмид и Хан.