Во некомплетното 31 коло во Премиер лигата се одиграа три натпревар на кои се постигнати 14 гола.
Вистинска драма се одвиваше во Лондон, каде Хавиер Чичарито ги спаси Вест Хем од пораз против отпишаните Хадерсфилд. Мексиканецот постигна два гола во 84 и 91 минута, со што го поништи водството на Хадерсфилд од 1:3.
На крајот Вест Хем победија 4:3, а покрај Чичарито стрелци за „чеканите“ беа Нобл и Огбона. Головите за Хадерсфилд ги постигнаа Бакуња во 17, односно Ахерн-Грант во 30 и 65 минута.
Лестер со играч помалку забележаа победа кај Барнли 1:2. Мадисон погоди за Лестер, израмни Мекнил. Резултатот 1:1 беше активен до 90 минута кога победа за Лестер донесе Вес Морган.
Интересен меч одиграа Борнмут и Њукасл кој заврши 2:2. Гостите од Њукалс бод спасија во 94 минута со голот на Ричи.
Претходно Њукасл водеа со голот на Рондон постигнат во петтата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Головите за Борнмут ги постигна Кинг во 48 и 81 минута.