Top Sport

Англиската Премиер лига со поевтини билети оваа сезона

Над 80 отсто од билетите во англиската Премиер лига или се намалени или се „замрзнати“ за сезоната 2017/18, потврдува новата студија на „Би-би-си“.

Просечната цена на сезонските билети во англиската елита е на најниско ниво од 2013 година, паѓајќи втора година едноподруго, а 82.5 отсто од сите билети се намалени или останати на исто ниво.

Новаците Хадерсфилд имаат најниска цена на сезонски билети (100 фунти), додека Арсенал се најскапи со 891 фунти, а исто така го имаат најскапиот сезонски билет (1.768,50 фунти). Просекот е 464 фунти, за разлика од 472 фунти минатата сезона. Во споредба со другите лиги – најевтиниот сезонски билет на Барселона е 87.78 фунти, а најскапиот 737.24 фунти. За ПСЖ сумите одат од 357.26 фунти до 2.817,50 фунти.

Сепак, има раст на најевтиниот билет на мечевите во Премиер лигата – од 29.05 лани на 29.30 оваа сезона. Ливерпул го имаат најевтиниот билет со 9 фунти, а Челси најскапиот евтин билет со 47 фунти.

Минатата сезона, во кој имаше рекорден профит од 8.3 милијарди фунти од ТВ-правата, Премиер лигата воведе тригодишно замрзнување на гостинските билети на 30 фунти, со што просекот на гостинските билети е 28 фунти.

Анализата на „Би-би-си“ го најде и просекот на парче пита во Премиер лигата – 3.65 фунти во споредба со 3.49 фунти лани. Тотенхем имаат најскапа пита (4.30 фунти), бидејќи нивните цени ги одредува „Вембли“, каде што играат додека се гради новиот стадион. Најскапи дресови во лигата имаат Тотенхем, Манчестер јунајтед и Манчестер сити – 60 фунти.

„Би-би-си“ во анкетата на 1.000 фудбалски фанови одреди дека за 82 отсто од нив најголема пречка е превисоката цена на билети.

Scroll to Top