Перу по 36 години избори пласман на фудбалски Мундијал. Интерконтинеталниот бараж во кој противник на Перу беше Нов Зеланд заврши со вкупен резултат 2:0. Првиот мел во Велингтон заврши 0:0, а реваншот во Лима, Перу го доби со 2:0.
Првиот гол на натпреварот го постигна искусниот Џеферсон Фарфан. Голот тој му го посвети на соиграчот Паоло Гереро, кој десет дена пред првиот меч доби времена суспензија од ФИФА поради позитивен допинг тест.
„Ова е голот на мојот живот. Него и победата им ја посветувам на Паоло гереро. Паоло ти благодарам за поддршката, ова е за тебе“, рекол Фарфан по натпреварот во Лима.
Peru are celebrating a World Cup berth 36 years in the making on Wednesday night (and probably into Thursday morning).https://t.co/5jYU4bZAam pic.twitter.com/4maSIc9Nzt
— ESPN FC (@ESPNFC) November 16, 2017
Асистентот за голот на Фарфан, Кристијан Куева, истакнал дека ги остварил сништата.
„Ова е историја. Сон. Ставивме крај на еден лош и долг период без учество на светските првенства. Мораме да го прославиме успехот“, рекол Куева.
Перу на 1.декември, поради рејтингот кој го има на ФИФА листата, извлекувањето на групите ќе го чека од вториот барабан.