Од Јувентус стигнала потврда дека во летниот преоден рок во клубот ќе пристигне играчот на Рома, Костас Манолас.
Гркиот репрезентативец во Торино ќе пристигне по истата шема, по која пред три години од Рома во Јувентус се пресели Миралем Пјаниќ.
Јувентус решиле да ја активираат откупната клаузула, која во договорот на Манолас изнесува 30 милиони евра.
27-годишниот централен дефанзивец, имал понуди од неколку врвни тимови, но решил да остане во Италија и да ја прифати понудата на Јувентус.