Чешката полиција објави дека става крај на истрагата за нападот со нож над двократната шампионка од Вимблдон, Петра Квитова, откако не успеа да најде никакви траги за напаѓачот.
Квитова, која победи на Ол Ингланд клубот во 2011 и 2014 година, мораше да оди на операција од четири часа во декември откако се обиде да се заштити од напаѓачот во нејзиниот дом во Простејов, Чешка.
„Не беше можно да се најдат факти кои би гарантирале обвинителен акт на одреден личност“, потврдија од полицијата.
27-годишната левучарка Квитова беше 11. на ВТА листата кога беше нападната и доби повреди на петте прсти на левата рака. И покрај црните прогнози за крај на кариерата, таа се врати на тенисот во мај, стигнувајќи до титула од Аегон шампионатот во Бирмингем во јуни, пред да загуби на Вимблдон во второто коло, по што на САД опен стигна до четврт-финалето.