Пол Погба им купи на своите соиграчи од француската репрезентација шампионски прстени во стилот на тие кои ги добиваат шампионите во САД за да се одбележи успехот од Русија минатото лето.
Французите ја освоија втората светска титула во 2018 победувајќи ја Хрватска со 4:2 во финалето на „Лужники“ во Москва, меч во кој Погба постигна еден гол. Погба им ги претстави шампионските прстени, кои имаат традиција во НБА, НФЛ и НХЛ лигите при собирот на француската репрезентација. Тие се изработени од „Џејсон“ во Беверли Хилс, САД.
„Тоа беше мал гест по освојувањето на светската титула со големи фудбалери. Тие се мое семејство и ова е мал подарок од мене. Прстенот можат да го загубат, но светската титула никогаш“, вели Погба.