Шпанската тениска суперѕвезда Рафаел Надал го доби случајот за клевета против поранешната француска министерка за спорт, Роселин Башело, која го обвини за допингување на ТВ.
Башело доби казна од 500 евра од судот во Париз и треба да му исплати дополнителни 12.000 евра за отштета и покривање на легалните трошоци на светскиот рекет број 1 по обвинувањата кои ги искажа на интервју за „Д8“ каналот во март 2016 година.
Башело, која беше министерка од 2007 до 2010 година, тврдеше дека Надал лажирал повреда во 2012 година, кога ги пропушти последните шест месеци од сезоната поради проблеми со коленото за да прикрие позитивен тест.
Тој бараше 100.000 евра отштета велејќи дека решил да оди на суд за да постави пример, бидејќи дотогаш ги игнорираше сите обвиненија. Неговиот адвокат Патрик Масонев изјави дека обвинувањата можат да имаат „огромни последици“ за неговите спонзорски договори.
Носителот на 16 гренд слем титули нема паднато на допинг-тест, иако постојано се соочува со обвинувања, посебно од Франција. Во 2002 година, на ТВ-шоуто „Лес жињолс“ (кукли) на „Канал плус“ имаше скеч во кој Надал го полни резервоарот на својот автомобил со својата урина, пред да биде сопрен од полицијата за пребрзо возење.
„Шпанските спортисти. Тие не победуваат случајно“, пишува на екранот на крајот.