Top Sport

Почетино: Арсен Венгер е „специјален“ тренер

Пред лутото дерби на северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал, аргентинскиот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино излезе со пофални зборови за „посебниот“ Арсен Венгер.

Венгер во моментов е најдолговечниот менаџер во Премиер лигата, откако минатиот месец ја прослави 21 година на чело на клубот, период во кој освои три титули и рекордни седум трофеи од ФА купот.

Французинот исто така има импресивен скор против Тотенхем, откако 20 сезони во низа завршуваше пред соседите од северен Лондон, низа која заврши минатата сезона. Почетино го признава тоа.

„Венгер е фантастичен менаџер и навистина го почитувам и му се восхитувам. Секако, ако ја погледнете историјата, Арсенал беше пред Тотенхем последните 20 години, и многу од заслугите за тоа се негови. Да се остане во еден клуб пет години значи дека си добар менаџер. Ако останеш 10 години, тогаш си навистина добар. Но, ако останеш повеќе од 20 години, тогаш си навистина специјален“, изјави Почетино.

Scroll to Top