Сестрата на Антоан Гризман, Мод, која е и негова менаџерка, се огласила по повод шпекулациите дека нејзиниот брат би можел да го напушти Антлетико Мадрид. Шпанските медиуми изминатите денови објавија дека францускиот репрезентативец били во контакт со неколку клубови.
„Со само еден клуб сме во контакт, тоа е Атлетико. Не постои друг клуб. Антоан е разочаран поради елиминацијата од Лигата на шампионите, но исти емоции покажуваат и тренерот и неговите соиграчи“, рекла Мод Гризман.
Играчот има договор со Атлетико до јуни 2023 година, а во изминатиот перид најчесто се поврзува со Барселона, ПСЖ и неколку англиски тимови.
„Заморно е кога читам вести околу иднината на мојот брат. Антоан оваа недела е со француската репрезентација и насочен е кон таа цел. Ве уверувам дека ништо друго не се случува“, заклучила сестрата на Гризман.