Управата на Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го казни фудбалскиот клуб Бирмингем со одземање на девет бода, бидејќи клубот ги прекршил правилата за профитабилноста и одржливоста, објави Би-би-си.
Поради суспензијата Бирмингем ќе назадуваат на табелата во Чемпионшип дивизијата од 13 на 18 место. До крајот на сезоната тимот ќе се бори за опстанок во лигата.
ЕФЛ објави дека клубот го надминал дозволениот буџет за два милиони фунти со трансферот на Кристијан Педерсен. Според правилата на ЕФЛ минус од 13 милиони фунти во работењето, во период од три години, не е дозволен.