Франк Де Бур, фудбалскиот леб го заработува во Атланта Јунајтед, каде пристигна по неуспешните епизоди во Интер и Кристал Палас.
Де Бур имаше резултати во Ајакс, каде работеше пет и пол години, а потоа вистински кошмар му беше работата во Интер. Тој смета дека не е виновен за неуспехот со италијанскиот тим.
„Направив добри работи во Интер и Кристал Палас, иако би можел да се погледнам во огледало и да си кажам дека можев и подобро. Многу научив од тие искуства“, рекол Де Бур и дополнил.
„Преголем залак беше Интер. Сакав да ја сменам целата структура и култура, бидејќи тој клуб долго време не освоил ништо. Имав работа со скапана група, а не ми беше дозволено да избркам одредени играчи. Можеби требаше да инсистирам, да бидам решителен. Ако сакате да смените нешто мора да бидете решителни“.
Де Бур беше тренер на Интер од август до ноември 2016 година.