Манчестер сити бараат извинување од претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес за коментарите околу тоа како лесно се прават трансферите во англискиот шампион со помош на богатството на сопствениците од Абу Даби.
Хенес, кој вели дека е добар пријател со менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, Сити ги плаќаат трансферите со зголемувањето на цената на нафтата.
„Мојот пријател Пеп ми кажа што се случува кога сака фудбалер од 100 милиони евра. Тој носи видеа од фудбалерот до шеикот, има гозба, и потоа парите се префрлаат. Следниот ден, шеикот ја крева цената на нафтата“, изјави тогаш Хенес.
Според „Мирор“, во Сити се лути на шокантната изјава и веќе се консултираат со легалниот тим за можна судска развршница.
„Тоа е коментар на арогантен егоист. Покрај тоа, ние сме загрижени за расистичкиот елемент на коментарот на Хенес“, вели анонимен извор од клубот за весникот.
Што прави Гвардиола кога сака засилување од 100 милиони евра?