Лестер не успеа во жалбата пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), и Адриен Силва ќе почека да дебитира за поранешниот англиски шампион откако бизарна грешка со админстрацијата го натера цела полусезона да остане во „празно“.
Силва беше донесен од Спортинг Лисабон летово како замена за Дени Дринквотер, меѓутоа Лестер задоцнија неверојатни 14 секунди со поднесување на документацијата пред крајот на преодниот рок и ФИФА го блокираше неговиот трансфер.
Лестер прво се жалеше пред ФИФА, но тоа беше одбиено, а сега одлуката ја потврди и Судот за арбитража во спортот (ЦАС) преку личната жалба на Силва, кој се надеваше дека ќе му биде дозволено да потпише „привремен“ договор до 1 јануари, кога официјално ќе стане играч на Лестер.