Италијанскиот чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума (20) кој стана и прв голман во италијанската фудбалска репрезентација ја продолжи верноста кон матичниот клуб.
Еден од најголемите таленти во светскиот фудбал го продолжи договорот со Милан за дополнителни 3 години, па наместо до 2021, во клубот ќе биде најмалку до 2024 година.
„Газета дело Спорт“ информира дека голманот кој сега заработува по 6 милиони евра по сезона, со новиот договор ќе заработува по 7 милиони.
Донарума во моментов е најплатениот играч во составот на Росонерите кои водат грчевите битка за освојување на четвртото место на табелата кое идната сезона ќе им овозможи шанса да играат во Лигата на шампионите.