Додека неговите соиграчи се подготвуваа за пријателскиот меч на Аргентина против Мароко, Лионел Меси ги покажа своите најнови патики – лимитирана едиција од „Адидас“ со мотив од популарната ТВ-серија „Игра на тронови“ чии фанови нестрпливо ја чекаат последната сезона.
Меси на Инстаграм покажа три пара на „Адидас“ патики, со различни бои и со „Game of Thrones“ лого на нив. На првите (сребрени) има лого од куќата Старк, вторите (црвени) со куќата Таргаријан и црвен змеј, додека последните се црни со мотив од Ноќната стража и дел од заклетвата.
Меси уживаше во патиките откако се повлече од вториот пријателски меч на Аргентина по 3:1 поразот од Венецуела, предизвикувајќи бура на реакции во Мароко, кои најавија дека нема да ги исплатат 1.000.000 долари на кои се обврзаа за мечот.