Кошаркарите на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден, го предводеше својот тим до убедливата победа над Феникс Санс (142:116) и успеа да собори НБА-рекорд стар 45 години.
Харден натпреварот со Феникс го заврши со 48 поени, 2 скока и 7 асистенции и стана првиот играч по 45 години кој на осум натпревари во низа постигнал повеќе од 300 поени и најмалку 85 асистирал.
Овој прекорд претходно беше во сопственост на Нејт Арчибалд.
Харден на претходните осум натпревари постигна 301 поен (најмногу против Јута 56) и забележал 87 асистенции (најмногу против Индијана 15).
Хјустон Рокитс во моментов води на табелата во Западната конференција со скор 12-4, а Харден го предводи својот тим со просечни 30,7 поени, 10,3 асистенции и 4,9 скока по натпревари.