Менаџерот на Манчестер, Сити Пеп Гвардиола и играчот на овој тим Лирој Сане се прогласени за најдобри во Премиер лигата во октомври.
Германскиот репрезентативец Сане постигна гол на трите натпревари кои Сити ги одигра изминатиот месец во Премиер лигата против Стоук, Барнли и Вест Бромвич Албион. Сане сезонава има ефект од шест гола и пет асистенции.
Пеп Гвардиола со Сити по 11 рунди во Премиер лигата нема пораз и е лидер на табелата со 31 бод.
Фудбалерите на Манчестер Сити во наредното коло, кое се игра викендов, ќе гостуваат во Лестер.