Top Sport

Саво Милошевиќ нов тренер на Партизан

Саво Милошевиќ, утре во 11 часот, официјално на јавноста ќе и биде претставен како нов тренер на фудбалерите на Партизан.

Долгогодишниот функционер во Фудбалскиот сојуз на Србија, ќе дебитира како тренер. Претходно слично искуство имал во репрезентацијата на Црна Гора, кога му бил помошник на тогашниот селектор Бранко Брновиќ.

Милошевиќ на функцијата ќе го наследи Зоран Мирковиќ кој поради лошите резултати си поднесе оставка пред еден месец.

Официјалното деби Милошевиќ ќе го има на 31 март, кога Партизан ќе му гостува на Напредак во Крушевац.

Саво Милошевиќ во кариерата играл за Партизан, Астон Вила, Сарагоса, Еспањол, Парма, Селта, Осасуна и Рубин Казан.

За националниот тим одиграл 102 натпревари и постигнал 37 гола. Тој беше најдобар стрелец на Европското првенство во 2000 година.

Scroll to Top