Top Sport

Батшуаи демантира дека е геј

Белгискиот напаѓач на Челси, Мичи Батшуаи мораше да демантира дека е хомосексуалец, откако на социјалните мрежи се појави шпекулација дека наскоро ќе ја објави јавно веста и дека веќе им кажал на своите соиграчи.

„Брате, дури и твојата мајка знае дека тоа не е точно“, постираше 24-годишниот Батшуаи.

Последниот геј фудбалер во Англија беше Џастин Фашану, кој си го одзеде животот во 1998 година.

Сепак, поранешниот дефанзивец на Стоук и Вест Бромвич Албион, Карл Хефкенс неодамна изјави дека бил клупски колега со три геј играчи, од кои двајца биле од Англија.

„Играв покрај три геј фудбалери, од кои едниот беше навистина големо име. Не криеја што се во соблекувалната“, изјави Хефкенс за белгискиот весник „Де цондаг“.

39-годишниот Хефкенс, кој играше за Стоук и ВБА од 2005 до 2009 дури даде детали.

„Еден беше во Клуб Бриж, а други двајца се од Англија. Нема да ги кажам имињата поради нивното барање. Еден од нив дури доаѓаше на тренинг со неговото момче. Не знам зошто не сакаа јавно да зборуваат за тоа“, вели Хефкенс.

Scroll to Top