Фудбалскиот клуб Арсенал на лето би можел многу лесно да остане без услугите на двете ѕвезди, Ерменецот Хенрик Мхитаријан (30) и Германецот со турско потекло, Месут Озил (30). Главна причина за тоа е фактот што овие двајца играчи имаат големи плати.
Озил моментно заработува по 20 милиони евра по сезона, додека Ерменецот има годишна плата од 10.5 милиони евра.
Нивните фудбалски квалитети се неоспорни, но тренерот на „Топчиите„ Емери не смета сериозно на нив двајца.
Најдобар показател за тоа е што на 30 средби на Арсенал во Премиерлигата, Мхитаријан бил стартер само на 13, а Озил во најдобрите 11 се нашол само 15 пати.
Доколку се ослободи од овие двајца играчи, Емери би можел на „Емирати“ да ги донесе Кјеран Тирни од Селтик, и фудбалерот на Каљари, Никола Барели.