Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека Ферари во Мелбурн имале огромен проблем со ладењето на болидот и очекува тоа да го решат наскоро.
Откако доминираа на зимското тестирање, Ферари имаа неимпресивен викенд во Австралија, каде што Валтери Ботас доминираше со минута пред Себастијан Фетел, кој исто така беше поминат и од Макс Ферстапен. Од Ферари најавија дека се направени „корекции“ пред трката во Бахреин овој викенд.
„Јасно е дека тие потфрлија, исто како и Хас. Не знам точно, но мислам дека мораа да ги намалат перформансите поради проблемите со ладењето. Шарл Леклер беше побрз со тврди гуми отколку Фетел со средни, што значи дека нешто не беше во ред. Фетел извозе само 10-тина добри кругови и потоа падна во форма. Не верувам во теоријата дека нивниот уникатен дизајн на предното крило пречел, бидејќи имаше различни концепти во Мелбурн“, вели Марко.