Top Sport

Моисе Кин се дистанцираше од барањето на два трактори од Јуве за неговиот татко

Фудбалерот на Јувентус и на италијанската репрезентација, Моисе Кин се дистанцираше од коментарите кои ги направи неговиот татко Биру Џин Кин околу тоа дека Јуве му должат два трактори.

Постариот Кин го повтори барањето од пред две години Јувентус да му ги даде ветените два трактори и билети за мечевите во Серија А  поради тоа што го убедил неговиот син да остане во Италија и да не се сели во Англија. Кин, кој во два настапи за Италија постигна два гола станувајќи инстант-сензација на Апенините, вели дека има врски само со неговата мајка.

„Трактори? Навистина не знам за што зборувате. Јас сум човекот кој сум денеска само благодарение на мојата мајка. Со тоа кажав сè. Никогаш не ја заборавај личноста која те хранеше“, напиша 19-годишниот Кин на Инстаграм.

Таткото на сензационалниот Кин тврди: Јуве ми должи два трактори

Scroll to Top