Легендата на Интер, Дејан Станковиќ заедно со Оливие Доља од одделот за развој на фудбалот во УЕФА беа посебни гости на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), и одржаа предавања пред фудбалската Академија.
Поранешниот клупски колега на Горан Пандев во Интер, Дејан Станковиќ кој исто така е дел од одделот за развој на фудбалот во УЕФА, ја истакна посветеноста на нашата федерација кога е во прашање младинскиот фудбал и посебно, Академијата на ФФМ.