Top Sport

Џеко го „обесил“ Ел Шарави на закачалка?

Поразот на Рома од 2:1 од СПАЛ предизвикал бура во соблекувалната на „волчицата“, јавуваат италијанските медиуми, кои тврдат дека босанскиот напаѓач Един Џеко лут на Стефан Ел Шарави, го кренал со раце и го обесил на закачалка за алишта!

Поголем проблем помеѓу Џеко (193 сантиметри) и Ел Шарави (173 сантиметри) спречиле Федерико Фацио и Роберт Олсен, кои го спречиле босанскиот „дијамант“ да направи инцидент. Тренерот на тимот, Клаудио Раниери сакал двајцата да ги остави во соблекувалната на полувремето, но го вратил Џеко во игра.

Италијанските медиуми претходно тврдеа дека поради инцидентот Џеко ќе биде казнет пред следниот меч на клубот од Рим против Наполи.

Scroll to Top