Патрик Виера го обвинува Цеск Фабрегас дека го „истерал“ од Арсенал, вели шпанскиот интернационалец кој сега игра во Франција во тимот на Монако.
Французинот Виера ја освои Премиер лигата како капитен на „топчиите“ во 2004, но си замина следната сезона откако тогаш 16-годишниот Фабрегас се зацврсти во првиот тим. Фабрегас дебитираше за Арсенал во 2003 откако премиерлигашот го „грабна“ од академијата на Барселона и тој стана најмладиот стрелец во историјата на клубот во декември таа година, по што се зацврсти во првиот тим.
Виера, откако постигна гол од пенал за победа над Манчестер јунајтед во финалето на ФА купот си замина во Јувентус. Сега, двајцата се во француската Лига 1, со Виера како тренер на Ница и со Фабрегас како фудбалер во Монако по трансферот од Челси. Фабрегас вели дека Виера уште не му заборавил.
„Го видов Патрик кога игравме против Ница. Беше малку смешно бидејќи во соблекувалната пред мечот тој беше со претседателот на Ница и му кажа: ’Претседателе, ова е детето кое ме натера да го напуштам Арсенал’“, вели Фабрегас.