Фернандо „Ферди“ Пачеко, „докторот за борби“ на Мухамед Али почина на 89 години. Неговата ќерка Тина Луиз Пачеко за „Асошиејтед прес“ изјави дека тој починал во неговиот дом во Мајами по долга болест.
Пачеко е роден на Флорида и работеше како доктор во Мајами кога го сретна Мухамед Али во 1960, кога боксерот почна да работи со Енџело Данди во Мајами Бич. Пачеко работеше во аголот на Али од 1962 до 1977 година, вклучувајќи три меча за титула, а си замина откако му советуваше на Али да се пензионира поради сериозни повреди по најбруталниот меч во историјата на тешката категорија „Thrilla in Manila“ против Џо Фрејзер во 1975 година.
Али боксуваше уште четири пати, трипати загуби, по што страдаше од Паркинсоновата болест пред смртта во 2016 година.
Пачеко по соработката со Али стана боксерски аналитичар, но и уметник и писател. Иако патуваше со Али на сите мечеви, тој тврдеше дека никогаш не бил платен.