Талентираниот голман со Белгиски пасош и српски корени, Миле Свилар, се уште не решил за која репрезентација ќе брани во сениорската кариера.
Свилар е син на прославениот југословенски и српски голман Ратко Свилар, тој е роден во Антверпен и во кариерата ги има поминато сите младински репрезентативни селекции на Белгија.
Бидејќи нема настап за сениорската репрезентација на Белгија, Србите се надеваат дека би можел да ја избере земјата на своите родители пред земјата во која е роден.
Португалскиот весник „А Бола“, објави дека претставници на Фудбалскиот сојуз на Србија одржале состанок со Свилар минатиот викенд, кога Србите гостуваа во Португалија.
Тие добиле неодреден договор од голманот на Бенфика, кој лани имаше деби во Лигата на шампионите.
Според овој извор, Свилар се надева дека ќе добие повик во белгиската репрезентација, односно дека може да се избори за своето место во конкуренција на Куртоа, Мињоле и Кастелс.
Наводно приоритет му бил да се избори за место на голот на Бенфика, а дури потоа ќе размислувал околу репрезентативната кариера.