Бугарскиот боксер, Курбат Пулев, во петокот е суспендиран, бидејќи за време на интервјуто по мечот со Богдан Дину, ја бакнал новинарката без нејзина дозвола.
Боксерската комисија на Калифорнија ја суспендирала лиценцата на 37-годишниот боксер во тешка категорија.
Инцидентот се случил, кога боксерот познат под прекарот „Бугарска Кобра“, во ја бакнал новинарката на „Вегас Спортс Дејли“, Џенифер Равало, кога таа го прашала за можниот меч со Тајсон Фјури.
Пулев потоа рекол дека тој и новинарката се пријатели, меѓутоа Рвало тоа го негирала и рекла дека ден претходно го запознала боксерот.
Таа веќе поднела тужба против Пулев, а на прес конференција изјавила дека била „понижена и шокирана“ и дека не знаела како да реагира.
„Кобрата“ Пулев го нокаутираше Дину во крвав меч во Калифорнија (видео)