Top Sport

Симеоне: Не можам да го замислам Атлетико без Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека не може да замисли сценарио во кое Антоан Гризман заминува од „рохибланкос“ и воопшто не е загрижен за шпекулациите кои го поврзуваат Французинот со трансфер (повторно во Барселона).

Гризман минатата година направи одлука да остане во Атлетико, потпишувајќи нов договор, и презентирајќи го тоа преку бизарен документарен филм со наслов „Одлука“. Меѓутоа, иако е обврзан со клубот до 2023 година, шпекулациите повторно го поврзуваат со трансфер во Барселона, но и во Интер. Чоло не е загрижен.

„Искрено, воопшто не сум загрижен за Гризман. Тој е капитен на Атлетико де Мадрид и секогаш одговарал на шпекулациите со фудбал и со факти. Сега имаме важен меч и тој ќе одговори. Не можам да ја замислам следната сезона без Гризман, бидејќи тој има договор со клубот“, вели Симеоне.

Атлетико се враќа во акција овој викенд со низа од два порази – првиот од 3:0 од Јувентус кој ги елиминираше од Лигата на шампионите, а потоа и 2:0 поразот на гости кај Атлетик Билбао, по кој Атлетико е 10 поени зад Барса во Ла лига.

Scroll to Top