Top Sport

Новиот телефон на Меси чини 19.000 евра, има 24-каратна позлата (видео)

Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси неодамна доби телефон вреден 19.000 евра. Специјално за него беше дизајниран ајфон од серијата „XS MAX“.

Посебниот примерок е со 24-каратна позлата и со спцијална гравура.

На задниот дел од телефонот се наоѓа неговото пресиме со бројот 10, а под тоа се изгравирани имињата на неговата сопруга Антонела и синовите Тијаго, Матео и Чиро.

Продажната цена на овој телефон е 1.000 евра па нагоре во зависност од меморијата. Најефтиниот модел има 64 гигабајти простор, а најскапиот дури 512.

Месиевиот примерок е 15 –пати поскап од продажната вредност.

Scroll to Top