Top Sport

Ред бул велат: Ферари има „пеколен“ мотор!

Ферари се врати на „вистински пат“ во квалификациите за Бахреин ГП, откако нивните возачи ги освоија првите две места, и според некои проценки, моторот на Скудерија е најмоќниот во Формула 1, приморувајќи ги ривалите да признаат дека италијанскиот тим, конечно, завршил добра работа.

„Нивниот мотор е пеколен“, вели советникот на Ред бул, Хелмут Марко, кој посочи дека неговиот тим со моторот на Хонда е препор на рамните делови.

И во Мерцедес се загрижени, или барем така кажуваат во јавноста.

„На рамните делови ни недостасува брзина. Дали се работи за надолна сила или моќ ќе треба да дознаеме, но ова убаво не освести“, вели шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Убава најава за трката.

Scroll to Top