Новиот шпански прволигаш Џирона продолжи со одличните игри, откако ниту Реал Сосиедад не успеа да замине со три поени од „Монтиливи“.
Тимот од Сан Себастијан дојде рано во водство, откако Вилијан Жозе (го познаваме добро од дуелите со Вардар), постигна гол во 7. минута, а Сосиедад имаше доминација до крајот на полувремето.
Каталонскиот тим се „крена“ во второто полувреме за по одлична асистенција на Порту, Кристијан Стумани со глава да го израмни скорот. Сосиедад беа подобриот тим до крајот на полувремето, но не успеаја да постигнат уште еден гол.