Расинг еден од великаните на аргентинскиот фудбал ја освои шампионската титула што предизвика делириум кај навивачите на овој клуб.
Клубот од Алаванеда „жареше и палеше“ во Аргентина во 60 години од минатиот век, а најтешките моменти ги доживеа во 1998 година кога банкротираше. Сезонава до титулата дојде пред големите ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Алавандеда еден мост го дели од аргентинската престолнина Буенос Аирес. Поради тоа навивачите го минаа мостот и ја славеа титулата во центарот на градот пред Обелискот, каде традиционално се прославуваат најголемите успеси во аргентинскиот спорт.
¡Impresionante! Los hinchas de Racing coparon el Obelisco para celebrar el título de la Superliga junto a sus jugadores. pic.twitter.com/hhYsbpqhrZ
— ESPN Fútbol Club Argentina (@ESPNFCarg) April 1, 2019
Навивачкиот делириум не може да се спореди со она што го направил извесен Габриел Аранда.
Тој на прославата дошол со черепот на својот починат дедо. На еден новинар му објаснил дека го ископал черепот за да му овозможил на дедото да „учествува во она што најмногу го сакал, во прославата на титулата“.
https://twitter.com/FutbolEsquema/status/1112516410796883968
Навивачот ликот на својот дедо го има истетовирано на градите, а откако го завршил интервјуто, окружен со навивачи на Расинг, го бакнал черепот.