Top Sport

Каде ќе заврши Ракитиќ во Интер или Манчестер Јунајтед?

Еден од омилените играчи на тренерот на Барселона Ернесто Валверде, хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ во летниот преоден рок ќе го напушти „Ноу Камп“, тврдат шпанските медиуми.

Ракитиќ има одлична сезона зад себе, тренерот има целосна доверба во него, меѓутоа 32 годишниот фудбалер ќе мора да бара нов клуб, бидејќи Барселона мора да направи место за Френки Де Јонг, засилување за чии ангажман се издвоиени 75 милиони евра.

Хрватот има договор со Барселона до 30 јуни 2020 година, поради што ова лето е последно кога од неговиот трансфер можат да заработат. Шпанските медиуми тврдат дека тој може да си оди за сума од 50 милиони евра.

Интересот за услугите на Ракитиќ не го кријат Манчестер Јунајтед и Интер. Двата тима биле подготвени да ја издвојат бараната сума, прашање е само што ќе одбере фудбалерот.

Scroll to Top