Top Sport

„Обвинувањата против Прозингис се смешни“

Американските медиуми пренесуваат дека полицијата во Њујорк верува дека обвинувањата за силување против центарот на Далас Маверикс, Кристапс Прозингинс, биле „смешни и бесмислени“.

Според информациите што им биле достапни на правосудните органи и полицијата, девојката која го обвинила кошаркарот се гледала со него пред и по наводниот инцидент и тие редовно имале сексуални односи.

Неименуваната девојка која живеела во иста куќа со Прозингинс тврди дека кошаркарот ја силувал на 7 февруари минатата година.

Таа рекла дека чекала повеќе од една година за да го пријави силувањето бидејќи преговарала со Прозингинс, тој да и исплати 68.000 евра за таа да не го пријави случајот.

Адвокатот на кошаркарот ги отфрлил обвинувањата, со напомена дека тој знаел што се случува и дека во декември лани ја запознале полицијата со овој случај.

Scroll to Top