Иван Ракитиќ уште еднаш сакаше да ја покаже својата голема љубов кон сопругата Ракел Маури на социјалните мрежи со интимна фотографија.
Хрватскиот репрезентативец е во брак со Шпанката од 2013 година, откако ја сретна кратко по неговиот трансфер во Севилја. Тие се запознаа во хотелот каде што Маури работеше, а Ракитиќ беше сместен во првите три месеци по трансферот во Шпанија.
„Секое утро одев во барот на кафе и Фанта само да ја видам. Тогаш го знаев само нејзиното име, но таа не зборуваше англиски, а јас не знаев шпански. Секое утро го велев истото – добро утро, Ракел, кафе и Фанта те молам. Некогаш ќе сретнеш некого и знаеш дека тој е тој. Не знам колку пати ја поканив да излеземе, 20 или 30 пати. Потоа ми призна зошто е така: ’Ти си фудбалер и следната година можеш да си заминеш, така што одговорот е не’. По долго убедување таа ме прифати“, вели Ракитиќ.
Тие се заедно шест години и веќе имаат две деца.