Герет Бејл ги броел своите последни денови во Мадрид, пишуваат шпанските медиуми, кои тврдат дека односите помеѓу него и клупските челници бил толку нарушени, што било невозможно да се поправат.
Исто така, медиумите потенцираат дека тој никогаш не бил ниту миленик на навивачите. Тие сакаат да му го видат грбот, особено откако во неделата успеа да промаши зицер против Уеска. Овој натпревар Реал среќно го добија 3:2.
Медиумите ги истакнуваат грешките што во последно време ги прави 29 годишниот напаѓач, поради што и станал непожелен на „Сантијаго Бернабеу“.
Потсетуваат дека одби да го прослави голот со соиграчите што го постигна на мечот со Леванте, дека Курта му бил лут бидејќи се појавил на една тимска вечера, а Бејл не сакал да разговара со Марсело, откако Бразилецот открил дека Велшанецот не го научил шпанскиот јазик.
Поради ова и тренерот Зинедин Зидан се согласил Велшанецот да биде продаден во летниот преоден рок.