Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, за шпанските медиуми изјавил дека непосредно пред вечерашниот меч со Вилјареал ќе донесе одлука дали на клупата за резерви ќе го остави Лионел Меси.
Барселона, вечерва од 21.30 часот ќе гостуваат кај Вилјареал, екипа која се бори за опстанок во Ла Лига. Дуелот е увертира за дербито против Атлетико, в недела на „Ноу Камп“.
Густиот распоред е причината што тренерот Валверде размислува да одмори неколкумина играчи.
„Не постои добар момент да го оставите на клупата Меси. Овој меч е важен за нас. Бодовите се исти како и на секој друг натпревар што не очекува до крајот на сезоната. Поради тоа непосредно пред натпреварот ќе донесеме одлука кои играчи ќе започнат“, рекол Валверде.
На девет кола до крајот на сезоната во Ла Лига, Барселона има десет бода повеќе од Атлетико Мадрид.