Мауро Икарди ќе конкурира за место во тимот на Интер за натпреварот во Џенова, против екипата за која игра Горан Пандев.
Подолго време односите помеѓу челниците на Интер и 26 годишниот напаѓач се нарушени. Пре речиси два месеци Икарди ги одби условите за новиот договор, поради челниците му ја одзедоа капитенската лента. Потоа Икарди пријави дека е повредени и оттогаш нема одиграно натпревар.
Последниот меч за Интер, Икарди, го одиграл на 9 февруари против Парма.
Прашање е дали тренерот Лучано Спалети ќе го стави напаѓачот во стартниот состав што ќе истрча на „Мараси“ во Џенова, утре од 21 часот.
OFFICIAL: Inter Milan have called up Mauro Icardi for their game against Genoa tomorrow. pic.twitter.com/zwTOTH8xPb
— Squawka News (@SquawkaNews) April 2, 2019