Top Sport

Вундеркиндот Де Јонг бил пред договор со Тотенхем

Френки Де Јонг (21), во јануари, потпиша договор со Барселона. Каталонците за Холанѓанецот на Ајакс му платија 75 милиони евра, а тој дресот на Барса ќе го носи од наредната сезона.

Во едно интервју, Де Јонг, открил дека минатото лето бил на чекор до трансфер во Премиер лигата и тоа во Тотенхем, кај Маурисио Покетино, кого исклучително го ценел како тренер.

„Не беше вистинското време. Не ја завршив работата во Ајакс, бидејќи се уште не сум одиграл цела сезона на својата позиција. Во тој период бев и повреден па си реков ‘не е време’. Чувствува дека треба да останам во Акајс уште една година или можеби подолго. Долго размислував за понудата. На Тотенхем гледам како на стабилен клуб и тие стануваат подобри и подобри“, рекол Де Јонг и дополнил.

„Младите играчи добиваат шанса, а на Маурисо Покетино гледам како на тренер кај кого младите играчи напредуваат. Ми се допаѓа стилот на фудбалот што го форсираат. Мислам дека би и одговарал на мојата игра“.

Френки Де Јонг со Барселона потпишал договор до јуни 2024 година.

Scroll to Top