Top Sport

Тотенхем минатата сезона остварил рекорни 148 милиони долари профит

Фудбалскиот клуб Тотенхем минатата сезона остварил рекорден профит од 148 милиони долари, објавено е денеска. Тотенхем вчера официјално го отвори новиот стадион во кој вложи околу една милијарда долари, а таа пресметка влегла во расходите за минатата сезона.

Прометот на Тотенхем од 500 милиони долари и платниот фонд ос 194 милиони значително е надмашен во последната година од два тима во Премиерлигата, од Манчестер Сити и Ливерпул, но и од Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед кои трошеле повеќе пари на договори на играчи.

Голем дел од профитот на Тотенхем дошол од стадионот „Вембли“ кој има капацитет од 90.000 седишта, на кој клубот ги играше своите домашни мечеви додека се градеше „Вајт Харт Лејн“

За споредба, шампионот на Англија, Манчестер Сити во претходната сезона остварил профит од 10,4 милиони долари, Челси имал профит од 24,9, Манчестер Јунајтед 37,3, додека Арсенал сезоната ја завршил со 55,6 милиони долари профит.

Scroll to Top