Флоријан Туван се подготвува да го напушти Олимпик Марсеј. Напаѓачот бил исвиркан од навивачите во саботата на натпреварот кај Анжер (2:2).
„Лекип“ открива дека ваквото однесување на навивачите го натерале 26 годишниот напаѓач да побара трансфер. За неговата кариера во иднина ќе се грижи менаџерска агенција од Италија.
Токму екипи од Италија покажуваат најголем интерес за неговите услуги. Според „Лекип“ за Тован се заинтересирани Наполи, Милан и Интер.
„Трансфермаркт“ вредноста на напаѓачот, кој минатото лето со Франција стана светски првак, ја проценува на 50 милиони евра.
Тован оваа сезона има учинок од 15 гола и девет асистенции.