Тренерот на кошаркарите на Реал Мадрид, Пабло Ласо, потврдил дека во четврт-финалната серија, во Евролигата, против Панатинаикос нема да може да смета на услугите на Серхио Љуљ.
Шпнаскиот репрезентативец имал повреда на левата нога. Од клубот без да соопштат повеќе детали за повредата рекле дека не се оптимисти, дека Љуљ ќе игра против Панатинаикос.
„Искрено, мали се шансите да игра во плејофот. Би сакал да игра, но нашите доктори не се волшебници. Верувам во нашиот медицински тим. Минатата сезона, Љуљ ја пропушти сезоната и се врати во плејофот“, рекол Ласо.
Серхио Љуљ оваа сезона во Евролигата има просек од 10,6 поени, два сока и 4,2 асистенции. Четврт-финалната серија против Реал-Панатинаикос ќе започне на 16 април.